Синоќа на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Трст“ во Куманово, патничко моторно возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(57) од Куманово, удрило во пешакот А.М.(25) од Куманово.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.