Стотици луѓе денеска отишле на работа без панталони! Чекаат воз по долна облека, метрото полно со разголени мажи и жени

Точка

09/01/2023

14:28

19.727

Големина на фонт

а а а

Денеска е „No pants day“ и се одржува во главно во САД и Велика Британија, а луѓето одат на работа – без панталони.

Секоја година во јануари се одржува „No pants day“, односно „Ден без панталони“. Тој ден многу луѓе, во главно во САД и Велика Британија, одат на работа – без панталони. Тоа се случило и денеска, кога стотици луѓе биле снимени без панталони во лондонското метро. Оваа година во иницијативата учествувале 60 градови.


Се почнало пред 12 години како шега на седум мажи, а набрзо станало годишна прослава на лудост. Настанот го креирала групата „Improve Everywhere“ од Њујорк. Точниот датум се менува секоја година, а кој ден екипата без панталони ќе се шета низ подземното метро се дознава во декември.


Идејата која стои зад „Ден без панталони“ е прилично едноставна. Патниците влегуваат во метрото на различни станици без панталони насред зима. Освен тоа, се однесуваат нормално и сите носат зимска облека, јакни, капи, ракавици и шалови, а панталони немаат.


Како што додава британски „Metro“, сите жители на Лондон знаат дека, иако станува збор за „слободен стил“, постојат извесни непишани правила за учество. Меѓу правилата е да нема зјапање во други и да се избегнува контакт со очи. Исто така, проѕирна или провокативна долна облека како танга не е дозволена.


И подготовката на манифестацијата е специфична. Организаторот – „The Stiff Upper Lip Society“ секоја година ја чува рутата на возење во тајност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг