(Фото) „Hyundai“ произведе канцеларија на тркала

Точка

22/12/2022

14:39

11.408

Големина на фонт

а а а

Досега имавме прилика да видиме мобилни канцеларии во кои евентуално би се сместиле директор со бизнис партнерот или секретарката, а сега може да се одведе цела компанија на пат.

Нејзиното име е „Universe Mobile Office“, а како што кажува самиот назив, се базира на луксузниот автобус на „Hyundai“, „Universe“. Со над 11,6 метри должина, „Hyundai“ одлучил да смести цел тим во него. Се нудат повеќе верзии во уредувањето, но во основа станува збор за патнички дел со 10 до 13 седишта и канцелариски дел во кој има отворен простор за состаноци и презентации.


Сè е изведено на највисоко ниво на луксуз. Кој ќе се одлучи за овој тип на мобилна канцеларија мора да го земе предвид и релативно неповолниот еколошки аспект. За придвижувањето се грижат исклучиво линиските 6-цилиндрични дизели со капацитет од 9,9 до 12,7 литри и моќност до 440 коњски сили.

Сепак, не се сомневаме дека и ваквата опција многу помалку загадува од флотата луксузни лимузини кои ги користат денешните политичари.