Совршен телефон за успешен работен ден и уште подобри ноќни фотографии

Точка

16/12/2022

17:11

14.383

Големина на фонт

а а а

Празничната еуфорија полека почнуваме да ја чувствуваме насекаде околу нас. Но, декември колку што знае да биде весел, магичен и идиличен, толку и последните денови пред официјалното затворање на годината знаат да бидат неподносливо хаотични и напорни.

Некаде измеѓу трката да ги завршиме сите работни обврски, да купиме подароци, и да се подготвиме за лудите предновогодишни забави, несомнено ни е потребна поддршка и помош од уредите без кои не можеме да си го замислиме животот. Паметниот телефон, доколку правилно го одбереме може да ги помогне успешно да балансираме и да уживаме во празничната еуфорија без да го загубиме умот.


Кога купуваме нов телефон, секогаш ни е важно тој да ги исполнува и деловните, но и приватните барања. Затоа, Samsung одлучи да го интегрира овој баланс во два нови телефони од серијата Galaxy S22 - S22 и S22 +. Оваа серија покрај модерниот дизајн се издвојува и по феноменалните карактеристики кои овозможуваат корисничко искуство кое досега не сме имале можност да го доживееме.

Без разлика дали се наоѓате на работа или дома, Galaxy S22 и S22 + се дизајнирани да ви бидат поддршка дури и во најхаотичните денови, сето тоа благодарение на новиот 4nm процесор. Овој процесор ги извршува најнапредните процеси на вештачка интелигенција и обезбедува незаменливи перформанси и беспрекорна продуктивност без разлика дали телефонот го користите за забава или за работа. Двата уреди се опремени со Dynamic AMOLED 2X дисплеј, па без разлика дали ќе изберете премиум екранот од 6,1 инчи на Galaxy S22 или 6,6-инчниот екран на Galaxy S22 +, со помош на интелигентната технологија Vision Booster, екранот автоматски ќе се приспособи на осветленоста и ќе го подобри контрастот на боите, така што безгрижно може да уживате во содржините и ефективно да ги завршите деловните обврски дури и кога сте надвор, во движење.


Ги знаете оние денови кога едноставно имате толку многу обврски што се чувствувате небаре секоја идеја која прелетува низ вашиот ум засекогаш е изгубена? Не грижете се, не мора секогаш со вас да носите хартија и пенкало за да ја запишете секоја ваша брилијантна идеја. За прв пат, Galaxy S22 Ultra 5G S Pen пенкалото совршено се вклопува во S серијата. Исфрлете го од дното на екранот за да пишувате, скицирате или да го контролирате телефонот. Подобреното доцнење во Samsung Notes прави секое движење на пенкалото да биде природно како мастило на хартија — а сите набрзина напишани идеи може да ги претворите во читлив текст. Да, сега ниту една идеја нема да одлета без разлика колку обврски имате во моментот!


Кога работните обврски ќе завршат и ќе дојде време за ноќно дружење со пријателите, секој нов спомен треба да остане запаметен. Galaxy S22 и S22 + се дизајнирани да обезбедат најнапредно искуство досега, така што корисниците можат да се поврзуваат и споделуваат содржина каде и да се. Со новите револуционерни карактеристики на камерата и револуционерната опција Nightography, 23% поголем сензор од досегашните уреди, како и технологијата Adaptive Pixel - фотографииите ќе изгледаат совршено и живописно, дури и во мрак. И двата модели можат да се пофалат со моќна главна камера од 50 MP, телефото камера од 10 MP и ултра широка камера од 12 MP, а ваше е да го изберете идеалниот модел за вас!


Благодарение на Galaxy S22 Ultra 5G не мора повеќе да се грижите дека батеријата ќе ви се испразни баш во оној момент кога ви е најпотребна. Подобрената AI ја пренесува моќноста од 5000 mAh (типична) од еден ден во друг приспособувајќи се на начинот на кој го користите телефонот. Накратко кажано – ја чува батеријата за кога ќе ви биде најпотребна! Што велите за Безжичен PowerShare? Со сета моќност на батеријата, можете и многу да споделите. Наполнете ја батеријата на вашите колеги или пријатели или безжично наполнете ги слушалките кога сте во движење. Практично и фукнционално!


Синхронизирајте ја својата галерија со OneDrive и уживајте во 6 месеци 100 GB меморија на OneDrive облакот со Galaxy S22 серијата. Шестмесечниот бесплатен пробен период за 100 GB меморија на OneDrive облакот е достапен за корисници кои купиле Galaxy S22, S22+ или S22 Ultra 5G. Повеќе информации на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/offer/one-drive-promo-2022/.

Комерцијален текст