Објавени најсмешните фотографии од диви животни за 2022 година, галеријата ќе ве воодушеви

Точка

09/12/2022

16:32

7.521

Големина на фонт

а а а

Фотографијата нѝ овозможува засекогаш да „фатиме“ некој посебен или забавен момент, а понекогаш и да го видиме светот од друга перспектива.

Не секој има прилика да патува и да биде сведок на различната убавина на нашата планета, меѓутоа благодарение на луѓето кои ги посветиле своите животи на таквите кариери, можеме да видиме некои од најубавите фотографии настанати во дивината.

Омилениот натпревар „Comedy Wildlife Photography Awards“ кој постои веќе 7 години ги објави најдобрите фотографии за 2022 година.


Основачот на порталот и натпреварот, Пол Џојнсон-Хикс, работел како фотограф на диви животни додека живеел во источна Африка. Некои од неговите фотографии толку го насмеале што сфатил дека хуморот на истите, помеѓу останатото, е забавно средство за луѓето да се позанимаваат со заканите со кои тие животни се соочуваат.


И така во 2015 година настанал натпреварот „Comedy Wildlife Photography Awards“, а набрзо потоа на Пол му се придружиле и фотографите Том Салам и Мишел Вуд.

Оттогаш, под водство на своите основачи, натпреварот прерасна во глобално натпреварување кое дава значаен придонес во неверојатниот свет на диви животни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг