(Фото/Видео) Брутален тим! Најпознатата инфлуенсерка во регионов го покажа момчето: Згоден и богат Црногорец, кој никого не остава рамнодушен...

Точка

08/12/2022

20:46

10.266

Големина на фонт

а а а

Дуња Јованиќ веќе некое време ужива во љубовта, а сега конечно покажа како изгледа нејзиното момче - Милош Мандиќ.

Една од најистакнатите модни инфлуенсерки во регионов, Дуња Јованиќ, не сака премногу да зборува за својот приватен живот.

Дуња веќе извесно време е емотивно исполнета, а иако изјави дека не сака јавно да го експонира партнерот, сепак решила да направи исклучок.

Дуња на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии и покажа колку ужива да биде покрај Милош, нејзиното ново момче.

„Се сеќавате ли кога реков дека никогаш нема да објавам дечко на Инстаграм...“, напиша Дуња меѓу другото.

Имено, станува збор за Црногорецот Милош Мандриќ. Тој живее на релација Црна Гора-Дубаи и поради него Дуња често престојува во Дубаи, од каде постојано споделува фотографии на Инстаграм.

„Прекрасни сте“, „Многу сте слатки“, „Кога ќе биде свадбата“, „Прекрасно е да ве видиме толку среќни“, се само дел од коментарите.

Српските медиуми пишуваат дека убавецот поседува продавница за накит и часовници, како и дека потекнува од богато, угледно семејство - неговиот татко е познат лекар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг