Познат тјунер подготовил посебен полициски „BMW“ автомобил со само една цел

Точка

06/12/2022

22:21

11.321

Големина на фонт

а а а

Електричното „BMW i4“ добило и спортски пружини кои ја намалуваат суспензијата за 20 милиметри напред и 25 милиметри позади.

Ова возило е конструирано како концепт за да се крене свеста за ризиците за небезбедни дополните вградувања или нагодувања на автомобилите. Се е дел од проектот „Tune IT! SAFE“, кампања зад која стои тјунерот „AC Schnitzer“.

Екстериерот е во типични полициски бои, со комбинирање на бела, жолта и сина, со натпис „Polizei“ на хаубата, предните врати и задниот браник и „ротацијата“ на кровот.

„Foliatec“ се погрижил за облогите, а „SecurLux“ за безбедносните фолии на страничните стакла.

„AC Schnitzer“ како тјунинг компанија специјализирана за „BMW“ возила, придонела со бројни додатоци за нов, поопасен изглед на возилото внатре и од надвор.

Се погрижиле за предниот спојлер до деловите кои ги украсуваат страните, спојлерот на кровот и багажникот, додатоците над задните светла и задниот дифузор.

Постојат и спортски пружини кои ја намалуваат суспензијата за 20 милиметри напред и 25 милиметри позади, во споредба со стандардниот „BMW i4“.

Освен што тие автомобилот го приближуваат до земјата, тие исто така ја подобруваат стабилноста во кривини, истакнува тјунерот.

Специјални се и гумите „Hankook Ventus S1 Evo 3, 255/35“ напред и 264/35 позади, а алуминиумските бандажи исто така ги потпишува „AC Schnitzer“.

Тјунерот исто така подготвил низа ажурирање за внатрешноста, како што се алуминумски педали и потпирач за стапалото, алуминиумски капак за iDrive управувачот и алуминиумски држач за клучеви, додека погонскиот склоп со нулта емисија останал недопрен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг