(Видео) Детонации во Зубин Поток, се слушнаа и сирени

Макфакс

06/12/2022

16:17

4.753

Големина на фонт

а а а

Денеска околу 12 часот членовите на општинската изборна комисија во Зубин Поток придружувани од косовската полиција насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, што предизвикало бунт кај граѓаните кои случајно се нашле, а биле пуштени сирени.

На Инстаграм се појави видео од Зубин Поток на кое се слушаат сирени како одекнуваат низ општината:

Како што објави Косово онлајн, се слушнале две експлозии, а од општинската зграда по неколку минути излегле членови на општинската изборна комисија и припадници на косовската полиција.

Според информациите од местото на настанот, членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на општината, ги искршиле вратите и ги смениле бравите, пред да ја напуштат зградата.

Денешната акција на полицијата и членовите на општинската изборна комисија е спроведена по налог на централната изборна комисија, која има намера да организира вонредни избори за претседателите на општините Зубин Поток, Северна Митровица, Лепосавиќ и Звечан на 18 декември во четири северните општини.

На изборите во Зубин Поток се пријавија двајца албански и ниту еден српски кандидат.

Претседателите на четири општини на 5 ноември одлучија да ги напуштат сите косовски институции заедно со другите Срби на северот на Косово, незадоволни од одлуките на владата во Приштина.

Во Зубин Поток е мирно по повлекувањето на полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг