[ВИДЕО] 37 секунди на ужас: Снимка од брутално претепување на татко со бебе на Врачар – Преминувале на пешачки премин кога количката ја удрил насилен тинејџер

Точка

26/07/2024

21:34

11.410

Големина на фонт

а а а

Драган Р. (37) со сопругата и седуммесечното бебе преминувал улица на пешачки премин, кога автомобилот во кој бил тинејџерот Лазар Т. (19) почнал да се препаркирува. Возилото ја закачило количката со бебето, по што следело брутално претепување на неговиот татко.

„Блиц“ ексклузивно дошле до снимката каде е евидентно насилството врз несреќниот човек кој завршил во кома во која бил 4 дена поради скршеница на черепот.

Како што може да се види на видеото до кое дошол „Блиц“, а кое трае 37 секунди, родителите преминувале улица на обележан пешачки премин кога автомобил кој се движел во рикверц наеднаш излетал од паркингот.


Во следниот момент се гледа како неговата сопруга се приближува, оставајќи ја количката со бебето, но насилникот го удира нејзиниот сопруг со клоци во главата.

Осомничениот стои над него, додека Драган Р. се обидува да стане, но не успева. Лежи неподвижно на тротоарот.

Голем број луѓе започнале да им приоѓаат, а на видеото се гледа дека насилникот сè уште стои над својата жртва.

„Жената врескаше“

Како што претходно очевидец изјавил за „Блиц“, претепаниот маж лежел на бетонот, додека жената врескала и плачела покрај него.

„Видов висок човек како лежи на земја, жена вреска, плаче и вика помош. Сите од кафулето скокнаа и притрчаа да помогнат. Човекот кој го претепа беше крупен, велат дека бил кик боксер, прво го удри во брадата, па го собори на земја и го тепаше додека не изгуби свест. Потоа побегна. По неколку минути повредениот човек стана и тргна низ улицата. Дојдоа од Брзата помош и го молеа да влезе, но тој одбиваше велејќи дека е добро. Неколку минути подоцна, го сместија во возило на Брзата помош и го одвезоа“, изјави очевидците.

Како што пишувавме, Драган Р. во петокот бил примен во Ургентниот Центар во Белград со скршеници на лицето и поради сериозноста на повредите ставен бил во вештачка кома.

Уапсен насилникот од Врачар


Да потсетиме, денес по жалбата на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на Лазар Т. му е одредена мерка притвор до 30 дена.

Претходно, тој бил пуштен да се брани од слобода, со решение од Првиот основен суд кој одбил да му одреди притвор, иако обвинителството конкретно побарало осомничениот да биде зад решетки поради страв да не влијае на многубројните сведоци. Меѓутоа, судот донел одлука само забрана за приближување и комуникација со сведоците.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг