Телефонот на врховниот судија Георгиев упатува на друго кривично дело – одземени и досиеја при претресот во Академијата за судии

Макфакс

26/07/2024

11:07

2.834

Големина на фонт

а а а

Два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата се одземени за време на претресот во Академијата, во рамки на предметот против врховниот судија, Наќе Георгиев.

Од Обвинителството информираа дека при анализа на телефонот на осомничениот, дошле до сознанија кои упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.


– Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата.Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети. За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено, се вели во соопштението од Обвинителството.


Врховиот судија Наќе Георгиев беше уапсен во мај, годинава, поради мито од 10.000 евра со цел да намести случај во полза на обвинет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг