(Фото) Ова е новиот американски невидлив бомбардер, може да носи нуклеарни бомби

Точка

03/12/2022

11:18

2.369

Големина на фонт

а а а

„NORTH Northrop Grumman Corp“ (NOC. N) вчера го претстави новиот млазен авион „B-21 Riader“, прв од новата флота невидливи бомбардери со долг домет кои се произведени за воздушните сили на САД.

„B-21“ ќе може да лансира и конвенционално и нуклеарно оружје благодарение на својот долг домет и полнење со гориво во воздух, пишува „Reuters“.

Во 2010-та година се предвидувало дека секој авион ќе чини околу 550 милиони долари, но поради инфлацијата денес цената изнесува околу 750 милиони долари.


Авион од шестата генерација

Американските воздушни сили планирале да купат најмалку 100 авиони и да ја започнат замената на бомбардерите „B-1“ и „B-2“.

„Northrop“ го нарекува авион од шестата генерација на авиони со оглед на неговата способност за поврзување со други авиони и едноставното интегрирање на идни оружја.


„B-21“ исто така има поиздржлив површински материјал кој му овозможува невидливост и кој ќе бара помалку одржување и ќе ги сведе оперативните трошоци и застои на минимум, вели Даг Јанг, генерален директор во „Northrop Grumman Aeronautics Systems“.

Шест авиони, кои за прв пат би требало да полетаат кон средината на 2023-та година, се во различни фази на склопување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг