Инфлуенсерката Ивана Кнол (30), во последните денови е во центар на внимание во Катар каде го следи Светското првенство.
Сега на социјалните мрежи се споделува фотографија од Ивана и нејзините „скриени“ фанови кои ја насмеале јавноста.
На фотографијата се гледа како Кнол слегува по салите, а сите очи се насочени кон неа.
Најмногу внимание привлекле шеиците кои ја фотографирале ѕвездата на шампионатот со своите телефони. Фотографијата била објавена на Фејсбук, а на истата има многу коментари од оние на кои реакцијата на мажите на трибините им била урнебесна.
DOBRO JUTRO!😁🤲
Posted by BH Super Sport on Thursday, December 1, 2022
„Одам да „гледам фудбал“, ѝ вели на сопругата“, напишал некој човек.
„Ова му е последната фотографија пред разводот“, додал некој друг.
Инаку, Ивана на социјалните мрежи се пофалила дека луѓето ја запирале на улица за да се фотографираат со неа, а секој ден бројот на нејзините обожаватели се зголемува. Нејзината популарност се зголемила и на социјалните мрежи, па моментално на Инстаграм има 996.000 следбеници.