Ги освои социјалните мрежи: Разиграна старица од балкон уживала во концерт на Црвена јабука

Точка

26/11/2022

17:54

7.651

Големина на фонт

а а а

Многумина вчеравечер уживале во концертот на Црвена јабука во Сараево, но настапот особено ја допрел старицата која танцувала и пеела на балконот отспротива.

По повод Денот на државноста на Босна и Херцеговина, групата Црвена јабука вчера одржа концерт на отворено во Илиџа.

Видеото на кое старицата од својот балкон танцува на ритамот на песната „Tugo nesrećo“ е објавено на социјалната мрежа ТикТок, а разиграната жена брзо ги освои симпатиите на јавноста.

Вчеравечер публиката уживала во бројните хитови на Црвена јабука вклучувајќи ги „Nekako s proljeća“, „To mi radi“, „Ima nešto od srca do srca“ итн.

„Драго ми е што имавме прилика да го одбележиме Денот на државноста на Босна и Херцеговина. Мило ми е што сме во Илиџа и што таа започна да живее со овие прекрасни проекти“, изјавил Дражен Жериќ Жера, фронтменот на групата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг