Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике, им одговарал на прашања на навивачите на Твитер, за време на Светското првенство во Катар, а едно од нив е особено интересно, бидејќи се однесува на забраната на играчите да имаат секс пред натпревар со друг тим.
„Смешно е да им се забрани на играчите да имаат секс пред натпревар. Тоа е сосема нормално. Оргии ноќта пред натпреварот очигледно не се идеални, но еј...“, вели тој.
😅 Luis Enrique y el mito de las relaciones sexuales antes de los partidos: "Si te pegas una bacanal, no es lo mejor..." #Qatar2022 pic.twitter.com/nlumitM1An
— MARCA (@marca) November 24, 2022
„Кога бев тренер во клубот, играчите беа дома ноќта пред натпреварот и тоа не ме загрижуваше. Тие го прават тоа затоа што сакаат и треба така. Повторувам со здрав разум - секој со својот партнер. Кога јас играв, ако ноќта пред натпреварот бев дома со сопругата, го правевме тоа што требаше“, одговори Енрике.
Шпанија е во групата Е со Јапонија, Германија и Костарика. Групата Е во нокаут фазата се среќава со групата Ф во која се Хрватска, Белгија, Мароко и Канада. Шпанија во првиот натпревар ја победи Костарика со 7:0, додека во второто коло ќе игра против Германија.