Зеленска: Ќе издржиме, не може да има мир без победа

Макфакс

25/11/2022

09:34

826

Големина на фонт

а а а

Првата дама на Украина, Олена Зеленска изјави дека Украина ќе ја издржи претстојната зима и покрај студот и прекинот на електричната енергија предизвикани од руските ракети и дека ќе продолжи да се бори во, како што вели, војна на светогледи, бидејќи – „без победа може нема мир“, тврди таа.

Во интервју за „Би-Би-Си“, Зеленска рече дека „Украинците се подготвени да го трпат ова“.

„Имавме толку многу страшни предизвици, видовме толку многу жртви, толку многу уништувања, што прекините на струја не се најлошото нешто што може да ни се случи“, рече Зеленска.

„Знаете, лесно е да се трча маратон кога се знае колку километри има“, вели Зеленска.

Меѓутоа, во овој случај, Украинците не знаат колку треба да истрчаат.

„Понекогаш може да биде многу тешко, но има некои нови емоции кои ни помагаат да издржиме“, вели таа.

„Сите Украинци ќе станат посилни поради оваа војна“ предвидува првата дама на Украина.

„Живеам одвоено со моите деца, а мојот сопруг живее на работа“, објаснува Зеленска.

„Најмногу ни недостигаат едноставните работи – да седиме, да не гледаме во часовникот, онолку долго колку што сакаме“ е пораката на првата дама на Украина.

Зеленска е претпазлива кога одговара на прашања за крајот на војната.

„На сите им е јасно дека нема да има мир без победа. Тоа би бил лажен мир и нема да трае долго“, вели таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг