Констатиран недостаток од скоро осум тони сув цвет од медицински канабис при контрола во фирма за одгледување медицински канабис во Струмичко

Макфакс

28/10/2026

10:06

297

Големина на фонт

а а а

Во Струмичко беше констатиран сериозен недостаток од скоро осум тони сув цвет од медицински канабис при контрола на фирма за одгледување. СВР Струмица поднесе кривична пријава поради неправилности во документацијата и недостиг на канабис за кој нема соодветно покритие.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од село Борисово, општина Ново Село и против В.К. од селото Ново Село, со престој во Струмица, управител на пријавеното правно лице за сторени кривични дела по член 95-в став 1, односно член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, извести МВР.

При извршена контрола во простории на правното лице каде што бил складиран сувиот цвет од медицински канабис, полициски службеници од СВР Струмица и службени лица од надлежната комисија при Министерството за здравство утврдиле дека има недостаток на документација поврзана со ангажираниот кадар, недостаток на друга задолжителна документација, како и недостаток на 7813,49 килограми сув цвет од медицински канабис, а за која количина пријавеното правно лице не располагало со соодветна документација и покритие, соопшти МВР.