Пронајдени осум лица мигранти: уапсен криумчарот од Албанија

Макфакс

28/10/2026

09:42

271

Големина на фонт

а а а

На регионалниот пат Демир Капија-Неготино полицијата уапси Албанец кој криумчарел осум мигранти, меѓу кои и двајца малолетници од Авганистан. Мигрантите се спроведени во прифатен центар, а против криумчарот ќе биде поднесена пријава.

Вчера во 12:35 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода П.М. (40) од Албанија.

При контрола во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои двајца малолетници, по нивно кажување од Авганистан.

Тој бил задржан во Полициската станица Неготино, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.