Која е сопругата на катарскиот шеик? Ја нарекуваат кралица на стилот, а тоа го докажала и на Светското првенство

Кармин

22/11/2022

15:42

15.627

Големина на фонт

а а а

Деновиве сите погледи се насочени кон Катар каде се одржува Светското првенство во фудбал.

На отворањето присуствувала и Моза бинт Насер, сопругата на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, некогашниот катарски емир, но и мајката на сегашниот емир Тамима бин Хамад Ал Тани.

Убавата 63-годишна жена се појавила во долг, бордо фустан од сатен којшто го надополнила со иста боја на јакна и марама. Својот аутфит го „зачинила“ со светкав брош и накит, но и брендирана кожна чанта.

Моза бинт Насер по пат на социјалната мрежа Инстаграм на сите им посакала топло добредојде:

„Дојде време. Добредојдовте во Катар и среќно на сите“, напишала таа во описот на фотографијата на која е со сопругот и децата.

Сопругата на шеикот Хамад често ја нарекуваат „кралица на стилот“, а во 2015 година прогласена е за една од најдобро облечените жени на светот.

За стилот на првата дама на Катар своето го кажале и од „Vogue“ кои ја сместиле во петте најдобро облечени жени на светот. „Vanity Fair“ ја прогласи за најдобро облечена дама со сина крв.

Моза е една од ретките дами која 365 дена во годината облекува модни парчиња од висока мода, „Chanel“, „Givenchy“, „Dior“...

Нејзиното величество купува парчиња кои чинат меѓу 20 и 30 илјади долари, а специјално дизајнираната облека за неа достигнува цена и до 100.000 долари.

Одредени извори тврдат дека во нејзината резиденција се крие вистинско модно богатство.

Таа е родена во 1959 година, а нејзиниот татко бил угледен катарски бизнисмен и опозициски водач за време на владеењето на Калифа бин Хамад бин Абдулах ал Тани.

Позната е по својата работа во подрачјето на здравството и образованието, а во 1995 година ја отворила Фондацијата за образување, наука и развој на заедницата.

Исто така таа е добитничка на бројни меѓународни награди и признанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг