Покрај руската салата, речиси секоја празнична трпеза е украсена со мимоза, која има неодолив и богат вкус.
Многу лесно се прави, а со овој рецепт ќе ја направите совршената, која за кратко време ќе исчезне од трпезата.

Состојки:
- 300 гр. шунка;
- 300 гр. кашкавал;
- 4 јајца;
- 4 компири;
- 150 гр. мајонез;
- 6 кисели краставички;
- 2 моркови;
- 360 гр. кисела павлака;
- сол.

Подготовка:
Во тенџере ставете ги компирите и морковите и налејте ги со вода да ги покрие. Не ги лупете компирите, туку варете ги со кора.
Кога зеленчукот ќе биде готов, оставете го да се излади, а потоа излупете ги компирите и изрендајте ги заедно со морковите на крупно ренде.
Во сад измешајте павлака и мајонез и посолете по вкус. Јајцата се ставаат да се варат. Кога ќе бидат готови оставете ги да се изладат па изрендајте ги. На крупно ренде изрендајте ги и шунката, краставиците и кашкавалот.

Долниот дел од садот во кој ќе ја послужите мимозата премачкајте го со мајонез и павлака. Потоа наредете ги ренданите компири.
Врз компирите ставете ја шунката, а потоа намачкајте со тенок слој прелив. Посипете го изренданиот морков, па намачкајте го со павлака и мајонез.
Наредете ги јајцата и киселите краставички и покријте ги со остатокот од преливот. Одозгора посипете сирење, издробените жолчки и декорирајте по желба.
Оставете ја салатата во фрижидер најмалку еден час, а потоа е подготвена за употреба.
На здравје!







