Новата колекција донесе најголем избор досега, први модели очила за сонце, премиум поларизирани стакла и препознатливи клип-он решенија создадени за современ, динамичен и стилски животен ритам.
Во уникатниот амбиент на Dioptra Urban Concept, инспириран од духот на Тоскана, Dioptra Optics ја промовираше својата нова, четврта приватна колекција Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy уште еднаш промовирајќи селекција на врвен квалитет по пристапни цени.

Во присуство на бројни гости, претставници од македонскиот јавен и бизнис живот, модни следбеници, љубители на естетиката и пријатели на брендот, новата колекција беше претставена како најголемото и најразновидно издание на Dioptra Eyewear досега, обединувајќи естетика, мода, италијански шарм и врвна изработка во едно.

Вечерта помина во внимателно осмислен тоскански амбиент, со дегустација на тоскански вина, италијанска музика и уметничка атмосфера, дополнета со настапот на тенорот Влатко Груевски, кој со акапелна изведба и емотивни арии внесе посебна емоција во просторот. Винтиџ пијаното во Dioptra Urban Concept дополнително ја нагласи елегантната и артистичка нота на промоцијата.

Новата колекција претставува фузија на иновативен стилски дизајн и автентична италијанска изработка. Сите модели се дизајнирани од Dioptra, а изработката е целосно реализирана во Италија, со користење на премиум целулозен ацетат - природен, елегантен и издржлив материјал кој овозможува висока естетика, леснотија и комфор при носење.
За првпат, колекцијата вклучува и очила за сонце со премиум поларизирани стакла, со што Dioptra Eyewear ја проширува својата понуда и во сегментот на очила за сонце. Посебен акцент е ставен и на најбараните модели со клип-он додатоци, кои веќе се препознатлив дел од приватната колекција на брендот. Новите модели сега нудат богат избор на рамки, трендовски бои и комплети со два клипа (светол и темен) создадени за максимална функционалност и стил во различни прилики.

„Со секоја нова колекција сакаме да покажеме дека очилата не се само потреба, туку личен стил, став и дел од секојдневната естетика. Оваа година ја претставуваме нашата најголема колекција досега, со модели кои се 100% изработени во Италија, но дизајнирани според визијата и искуството на Dioptra. Посебно сме горди што за првпат воведуваме и очила за сонце со поларизирани стакла, како и нови решенија за клип-он модели. Нашата цел е секој клиент да најде модел кој не само што му одговара визуелно, туку и совршено се вклопува во неговиот животен стил,“ изјави Марија Костуранова, сопственичка на Dioptra Optics.

Особена новина оваа година се и специјално прилагодените модели за плус диоптрија со клип-он систем, развиени со посебен дизајн и иновативно решение, со цел да одговорат на потребите на корисниците кои бараат истовремено практичност, удобност и современ изглед. Исто така, вреди да се споменат и новите модели со рамки изработени од 100% титаниум што очилата ги прават особено лесни, цврсти, издржливи и хипоалергени.

Во рамки на промотивниот настан, сите присутни имаа можност да ја разгледаат и пробаат новата колекција, како и да го искористат ексклузивниот промотивен попуст од 50% на новите модели. Колекцијата Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy од денеска ќе биде достапна во сите Dioptra оптики ширум државата.

Комерцијален текст










