(Видео) Реакции на официјалната химна на СП: „Шакира врати се, ќе ти го платиме данокот“, „Песната звучи како тетка ми да пее на свадба“

Точка

20/11/2022

13:39

31.961

Големина на фонт

а а а

Два дена по објавувањето на официјалната химна на Светското првенство во Катар, реакциите не стивнуваат, а се чини дека навивачите не се задоволни и повикуваат на „помош“ од Шакира, чии песни ги одбележаа претходните изданија на Светското првенство.

Се чини дека љубителите на фудбалот не се воодушевени од песната на Малума, Ники Минаж и Миријам Фарес наречена „Tukoh Taka“, која ќе биде официјална химна на Светското првенство во фудбал во Катар.

На социјалните мрежи тие го изразија своето незадоволство од нумерата и покрај нејзиниот весел тон и комбинацијата на текстови на шпански, англиски и арапски.


На ТикТок, хаштагот „TukohTaka“ изобилува со видеа на незадоволни корисници кои ги споделуваат своите мислења.

Многумина од нив ја повикуваат Шакира на „помош“, имајќи предвид дека нејзините песни ги одбележаа претходните изданија на светските првенства.

Нејзината песна „Waka Waka“ беше химна на првенството во Јужна Африка, а пејачката настапи и во Германија во 2006 година и во Бразил во 2014 година.


„Шакира, ќе покренеме кампања GoFundMe за твоето судење за даночно затајување, само не дозволувај оваа Walmart верзија на Tokyo Drift да биде песна на Светското првенство“, вели еден фан во вирално видео на ТикТок.

„Блискиот исток имаше 10 години да направи неверојатна песна за Светското првенство и ова е резултатот“, напишал друг незадоволен корисник.

„Шакира подобро да ги врати своите колкови за Светското првенство бидејќи не можеме да го слушаме ова“, „Се извинувам во име на Блискиот Исток“, „Песната звучи како тетка ми да пее на свадба“, велат многу незадоволни обожаватели.

Сепак, и покрај критиките, песната за два дена успеа да собере 8,6 милиони прегледи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг