Јунајтед се огласи за интервјуто на Роналдо: Клубот започна со конкретни чекори…

Дерби

18/11/2022

13:44

2.831

Големина на фонт

а а а

Португалскиот репрезентативец, Кристијано Роналдо имаше бомбастично интервју со Пирс Морган во кое отворено го нападна Манчестер Јунајтед како клуб почувајќи од сопствениците, па се до тренерот Ерик Тен Хаг за кого порача дека нема никаква почит.

Тој имаше критики за соиграчите со што едноставно се стави во позиција да неговата приказна со премиерлигашот е готова, позиција од која нема враќање назад. Во наредниот период ќе видиме како ќе се реши оваа ситуација, меѓутоа повеќе од јасно е дека ќе има конкретни потези и тоа веќе го најавија од „Олд Трафорд“ каде се огласија со кратко соопштение.

- Манчестер Јунајтед утрово започна со конкретни чекори како одговор на неодамнешното интервју на Кристијано Роналдо за медиумите. Нема да даваме дополнителни коментари додека овој процес не заврши, се вели во соопштението на „црвените ѓаволи“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг