Роналдо ги смируваше фановите на Јунајтед со легендарната прослава која ја изведе против Барса

Дерби

01/11/2022

15:14

3.293

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо мина низ тежок период во Манчестер Јунајтед, па за првпат во кариерата беше казнет од еден клуб поради недисциплина која ја покажа за време на официјален меч.

Ерик Тен Хаг го суспендираше Португалецот поради неговото „бегство“ од теренот додека се уште траеше дербито со Тотенхем, но казната изнесуваше само еден меч и Холанѓанецот брзо му прости на голгетерот.

Роналдо се врати на мечот во Лига Европа изминатата недела и на истиот доби огромна поддршка од навивачите на Манчестер Јунајтед, кои јасно ставија до знаење дека се уште го сакаат Кристијано.

Врската меѓу Португалецот и фановите на Јунајтед секогаш била специјална, па сега пристигна една урнебесна сцена од последниот тренинг, каде Кристијано издвоил време за своите симпатизери.

Во моменти на еуфорија, дел од навивачите станале хистерични со цел да дојдат до неговиот автограм, по што Роналдо почнал да ги смирува со својата легендарна „Калма“ прослава која ја изведе против Барселона.