Медот е познат како народен лек за многу проблеми, а настинките, грипот и симптомите кои ги следат вообичаено се лекуваат со чаj или топла вода со лимон во која сте додале една лажичка мед.
И самиот мед без никакви додатоци е ефикасен за сузбивање на кашлицата, покажале истражувањата.
Како што пишува на порталот на клиниката „Мејо“, децата на старост од една до пет години кога имале инфекции од респираторен тракт учествувале во истражување во текот на кое пред спиење секоја вечер јаделе по две лажички мед. Резултатите биле неверојатни: кашлицата се намалила, а сонот на децата бил поквалитетен.
Заклучокот на научниците е дека медот има дејство против кашлица благодарение на декстрометорфанот којшто делува смирувачки.
Постојат многу начини медот да се искористи за ублажување на овој непријатен симптом, а еден од најпопуларните е домашен сируп од мед.
Состојки:
- 1 лажичка мед;
- 2 лажички сок од лимон;
- 2 лажички сок од кромид.
Подготовка:
Измешајте сок од кромид и лимонов сок во тенџере, па додадете малку вода и добро измешајте. Загревајте додека не биде топло, па тргнете го тенџерето од рингла. Пред да се излади, додадете мед и добро измешајте додека не добиете сируп.
Ставете ја течноста во стаклена тегла, добро затворете ја и оставете да отстои шест часа.
Примена – двапати дневно консумирајте по една лажичка од овој сируп.