Дизајнерот на „Balenciaga“, Демна Гвасалија, осмислил уште еден моден додаток за кој се зборува, а станува збор за чанта која наместо класична рачка, на себе има ракавица.
Познатиот бренд често ја шокира јавноста со своите модели од последните неколку колекции, а од ревијата во кал до ќесичката чипс, Гвасалија секако претставува уникатни производи.
Започнувајќи од чантата која е всушност ќеса за ѓубре чија цена е 1.790 долари, следеше низа модни додатоци со чуден дизајн.
Последна во низата е кожната чанта која наместо рачка, има ракавица која се навлекува на раката и делува прилично непрактично.
Ова парче предизвика поделени коментари, а многумина тврдеа дека делува чудно.
„Потполно бесмислено“, „Неудобно и непрактично“, „Чанта тешка за крадење“, се дел од коментарите.
Уште една чанта на „Balenciaga“ неодамна го привлече вниманието, а станува збор за парче кое изгледа како ќесичка чипс. Торбата беше претставена на Модната недела во Париз и изнесува 1.800 долари, а ќе биде пуштена во продажба наредното лето.
Чантата е достапна во 3 бои: жолта, црвена и зелена, а Гвасалија ја опишува како „апсолутен моден хит“.