5 симптоми кои укажуваат на ран почеток на тромбоза: Едниот се јавува исклучиво после јадење и воопшто не е наивен

Точка

20/10/2022

12:30

16.391

Големина на фонт

а а а

Појавата на тромб е многу честа и, како и сè останато, важно е да ја откриете навреме и да ги препознаете раните сигнали кои нѝ ги испраќа телото.

Тромбозата предизвикува многу симптоми, но има и такви кои се појавуваат во еден период и го најавуваат самиот почеток на формирање на тромб. Многу е важно кога ќе ги забележите првите знаци дека нешто не е во ред, веднаш да се јавите кај вашиот матичен лекар.

Редовната контрола на холестеролот и крвната слика е една од главните превентивни мерки, но и „слушањето“ на организмот понекогаш може многу да помогне.

Тромб е згрутчување на крвта и тоа може да биде опасно за срцето ако остане заглавен во крвниот сад и го спречува протокот на крв. Тромбозата генерално не произведува карактеристични знаци и може да доведе до срцев удар или мозочен удар, како и до смрт.

1. Зголемени грчеви и ненадејна болка во нозете

Ако чувствувате остра или пулсирачка болка во мускулите на потколеницата, ова е дефинитивно предупредувачки знак. Ако имате згрутчување на крвта, болката ќе се намали веднаш штом ќе ја подигнете ногата.


2. Промена во боја на кожата

Згрутчувањето на крвта ја спречува крвта да циркулира правилно, поради што доаѓа до промена на бојата на кожата, црвенило и модринки. Местото каде што се наоѓа згрутчувањето на крвта може да биде топло, но и да чеша.

3. Оток

Може да се појави насекаде, но најмногу на местото каде што е блокиран крвниот сад.


4. Болки во стомакот

Карактеристично е што болката се зголемува веднаш по оброкот. Надуеноста и дијареата исто така не се невообичаени.

5. Постојана мачнина

Не се јавува толку често, а најчесто е придружена со отежнато дишење и брз замор. Доколку и вие чувствувате замор, тогаш тоа може да биде знак дека имате згрутчување на крвта во еден од крвните садови кои ги снабдуваат со крв деловите на цревата.