Претставена новата „Vespa GTS“ – четири варијанти, два избора на мотор и неверојатни 14 бои

Точка

06/10/2022

13:10

15.523

Големина на фонт

а а а

Новиот член во гамата на италијанскиот произведувач на скутери е "2023 Vespa GTS“, која се состои од четири модели и доаѓа во примероци во 14 бои. Станува збор за класичната „Vespa GTS“, современата „GTS Super“, поспротската варијанта „GTS SuperSport“ и „Vespa GTS SuperTech“ која е опремена со најновите погодности за возење на две тркала.

Достапни се две варијанти на мотори, 125 i-ГЕТ i 300 HPE кој произведува 23 коњски сили. Моторите се едноцилиндрични со течно ладење, и се претпоставува дека се усогласени со „Euro 5“, бодејќи претходната генерација на „GTS Super“ го исполнуваше само стандардот за емисии на „Euro 4“, иако тоа не беше спомнато во соопштението за медиуми на „Vespa“.


Како и секогаш, каросеријата на „Vespa GTS“ е изработена од челик и одговара на иконските линии на „Vespa“, додека возачите можат да изберат 14 шеми на бои. Новитет кај овој скутер е предната суспензија, дизајнирана за поголема стабилност при големи брзини, а истовремено и за подобрување на комфорот и управувањето.


„Vespa GTS“ исто така е наменета и за патувања, со ново седиште со зголемена удобност за возачот и сопатникот, а овозможува и лесно стапнување на земја.

Новата „Vespa“ сега добива и систем без клуч и стартување со копче, со функции за отворање на седиштето и заклучување на воланот преку далечински управувач.


„GTS SuperTech“ доаѓа со „Bluetooth“ конекција (како и моделот SuperSport), а во „кокпитот“ е инсталиран и TFT-LCD дисплеј. Сепак, тоа е опција и кај останатите две варијанти.

„Vespa GTS SuperTech 300“ се продава по цена од 7.090 долари, додека за „SuperSport“ ќе треба да издвоите 6.239 долари.

Повеќе информации за новиот скутер на "Vespa" можете да најдете ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг