Нуњез: Не разбирам ништо од говорите на Клоп!

Дерби

05/10/2022

14:51

980

Големина на фонт

а а а

Ливерпул се врати на победничките патеки во Лигата на шампионите и со триумфот над Ренџерс се стави во добра ситуација да мисли на пласман во осминафиналето, бидејќи во прилог му оди и тоа што Наполи оствари историска победа на гостувањето во Амстердам.

Избраниците на Јирген Клоп наметнаа сосема поинакво темпо во споредба со мечот со Брајтон изминатиот викенд, а тоа брзо вроди со плод и видовме два гола во мрежата на Ренџерс, по еден во двете полувремиња.

Погодоците на Арнолс и Салах се покажаа како доволни за победа, од која дел беше и најголемото летно засилување Дарвин Нуњез кој беше стартер во формацијата на Клоп.

Уругваецот има тежок старт на авантурата во Англија и се привикнува на новата средина, а во интервјуто за колумбиски „ЕСПН“ по победата над Ренџерс, отворено призна дека се уште не разбира ништо од тимските говори на менаџерот пред натпреварите.

– Да бидам искрен, јас не разбирам ништо од тоа што Клоп говори за време на тимскиот состанок пред натпреварите, или за време на полувремето. Откако тој ќе заврши со говорот, ги прашувам соиграчите што точно кажал и што зборувал. Сепак, од она што го гледам, се гледа дека има јасна мисла и дека знае што зборува. Бара од нас едноставни работи, да излеземе со самодоверба и да не се плашиме од предизвиците. Кога ја губиме топката, веднаш да тргнеме во пресинг, тоа е она што постојано го бара од нас, – открива Дарвин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг