Ред Бул направил „ситен“ прекршок, Ферстапен останува светски првак

Макфакс

05/10/2022

14:49

32.909

Големина на фонт

а а а

Ниту еден тим од Ф1 нема да биде строго казнет за кршење на правилата за буџетско ограничување минатата сезона, бидејќи биле направени само „ситни“ прекршоци.

Како што објави денеска „Скај Италија“, се очекува секој тим што се придржувал до буџетот од 145 милиони долари за 2021 година да добие сертификат за усогласеност.

Буџетскиот лимит се однесува на парите потрошени за развој и перформанси на болидот, но не и за големи ставки како што се платите на возачите, трошоците за маркетинг, логистика, патни и правни трошоци.

Според сознанијата на „Скај“, направени се само „помали“ прекршувања на буџетската граница, што претставува пречекорување за помалку од пет проценти, а за ваквите прекршувања се предвидени поблаги казни.

Можните казни вклучуваат одземање на поени во шампионатот за возачи и конструктори и суспензија од една или повеќе фази од натпреварувањето. Исто така, меѓу опциите се ограничувањата на тимовите кои вршат аеродинамички и други тестови или намалување на нивната вкупна граница на трошоците во иднина.

Доколку некој тим направи голем прекршок, една од казните е исфрлање од шампионатот.

Италијанските медиуми минатата недела објавија дека Ред Бул можеби претерал минатата сезона. Шефот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека тоа е „јавна тајна“, но Ред Бул остро ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „фиктивни“. Волф рече дека со правење помали прекршоци тимовите ќе можат да потрошат дополнителни седум милиони фунти, а доколку казните се лесни, секој тим ќе биде подготвен да ги прекрши правилата во иднина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг