[ВИДЕО] Капитенот немаше своја вечер: Роналдо се изнапромаши против Велс, не погоди и пред празен гол

Дерби

25/09/2026

10:56

176

Големина на фонт

а а а

Португалија дебитираше со победа на првиот натпревар кој го водеше Жорж Жезус како предводник на репрезентацијата, па иако звучи чудно, како одлучувачки се покажа голот на Жоао Феликс во раната фаза од мечот.

Домаќините направија повеќе од доволно за да имаа поубедлива предност, но капитенот Кристијано Роналдо едноставно немаше своја вечер и имаше најмалку три големи промашувања.

Убедливо најголемата ја имаше во вториот дел кога не погоди пред празен гол, а за да биде работата уште пофрустрирачка за него, му беше поништен и еден гол поради офсајд.

Роналдо немаше своја вечер и не ја криеше фрустрацијата во неколку наврати, но и покрај тоа доби громогласен аплауз од публиката кога го напушташе теренот.

Кристијано по крајот на Светското првенство најави дека се ближи крајот на неговата репрезентативна кариера, но пристигнувањето на Жезус го натера да се премисли и реши да почне уште еден квалификациски циклус во Лигата на нации.