Во Кувајт откриени планови за футуристички утописки град: Ќе биде најпешачки, најзелен, најодржлив, најчист …

Точка

05/10/2022

13:38

19.510

Големина на фонт

а а а

Во блиска иднина би можел да „никне“ град каков што светот сè уште не видел. Неговата локација ќе биде во Кувајт, а неговите дизајнери тврдат дека тоа ќе биде најодржлив и најзелен град на светот.

Компанија од Обединетите Арапски Емирати ги објавила плановите за „најпешачкиот град на светот“. Станува збор за метропола во облик на цвет, посебно дизајнирана да го намали пристапот на автомобили и да ги зголеми подрачјата кои се безбедни за пешаци.

Наведениот град е наречен „XZERO“, а би требало да се изгради во Кувајт како одржлива заедница со нето нулти јаглероден отпечаток и стил на живот кој соодветствува на тоа. Градот е планиран за популација од 100.000 жители и да биде во рамнотежа со природата.

Централното подрачје на таа зелена метропола е окружено со низа „хабови“ од кои секое е наменето за образовни, забавни и медицински установи, според замислата на дизајнерите од компанијата „URB“ со седиште во Обединетите Арапски Емирати.


Дизајн на градот

Дизајнерите исто така велат дека градот ќе обезбеди прехранбена и енергетска безбедност додека истовремено ќе промовира зелена кружна економија во еколошки прифатлива дестинација за живот, работа и туристички пости.

„Создавањето на одржливи градови кои ги следат највисоките животни стандарди и со најмало влијание на околината повеќе не е избор, тоа стана потреба. XZERO е планиран со повеќенаменски холистички решенија кои се занимаваат со три клучни стапки на одржливост: социјална, економска и еколошка. Срцето на овој проект е единствен отпорен пејзаж, кој е повеќенаменски дизајниран за промовирање на здравје, благосостојба и биодиверзитет. Пејзажот е социјално лепило за целиот град, кој ќе промовира живописно соседство додека жителите ќе се поврзуваат со сите содржини за неколку минути“, објаснува Бахараш Багериан, извршен директор на „URB“.

Багериан додал дека пејзажот на градот е интегриран со речни корита за да се подобри отпорноста и погодноста за живот, истовремено промовирајќи варијации на живеалишта за диви животни.


Пејзажот е исто така продуктивен, вклучува многу различни урбани земјоделски методи како што се социјални градини, био-куполи, вертикални фарми и биосолно земјоделство, истакнува тој.

Повеќе од 65 проценти од површината од 16 километри квадратни се отворени простории, како земјоделски пејзажи, непродуктивни пејзажи, плочници кои овозможуваат проток на дожд, спортски терени и сали. Од URB велат дека во поголем дел од градот ќе се промовираат социјални активности, биодиверзитет и оптимизација на микроклима, што исто така ќе го ублажи порастот на температурите. Сето тоа, со најмали финансиски вложувања во развојот, но со најголема корист за околината.

XZERO е дизајниран и оптимизиран да стане најпешачки град на светот, со пружање на низа добри пешачки мрежи. Тие мрежи се поврзани со други начини на зелен превоз, како велосипеди и мали електрични возила, за на жителите да им се понуди најбезбедно и најкомфорно патување до сите делови на градот. Градот исто така нуди 35 километри наменски патеки за трчање и велосипедизам, како и 9 километри патеки за јавање на коњи.


Ново мерило за други градови

Физичката ориентација на градот исто така е одбрана за да се намали побарувачката за енергија, додека истовремено пружа оптимално засенчување на пешачките патеки и проток на ветер.

На крајот градот ќе пружи највисок квалитет на живот додека истовремено ќе ја штити околината за идните генерации. Тоа ќе стане мерило за идните градови кои се планираат во склад со природата, со промовирање на зелена кружна економија, тврдат од „URB“.

Проектот би требало да отвори работни места во различни подрачја како медицина, туризам, технологија, образование, малопродажба и забава.

Сите објекти и домови ќе се напојуваат со 100-процентно обновлива енергија и ќе ја рециклираат сета своја вода преку паметни водоводни состави.


XZERO ќе промовира одржлив туризам преку разни еколошки прифатливи угостителски објекти, вклучувајќи еко одморалишта со 5 ѕвезди и еко колиби. Образовно-забавните објекти како што се комунален парк и центар за зачувување на природата би требало тој град да го претворат во единствена атракција за посетителите.

Звучи како футуристичка утопија, но треба да се види како сето тоа ќе изгледа ако проектот се оствари во реалност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг