„BookRetreats“ секоја година прави листа на најдобрите плажи во Европа, а тоа го направи и сега.
Основните категории според кои овој интернет портал ги рангира плажите се бројот на сончеви часови, безбедноста и сигурноста, популарноста, пристапноста и квалитетот на водата. Меѓу најдобрите се наоѓаат и четири плажи од регионот, односно од Хрватска.
Истражувањето опфаќа анализа на 200 плажи во 16 европски земји, рангирајќи ги според клучните фактори за посетителите. Шпанија се издвојува како земја со најдобра плажа и како земја која меѓу првите 20 има најмногу претставници. Шпанија се истакнува како ултимативна дестинација за летен одмор со 28% од 25 најдобри плажи, вклучувајќи ја и најдобрата во Европа – Ла Конча.
Интересно е што Хрватска меѓу најдобрите 25 има дури четири претставници. Тоа се плажите Пасјача, Галебове стијене, Мала Радуча и Опрна. Плажата Пасјача е најпозната по високите рабови на карпите и кристално чистото море. Се наоѓа покрај брегот во близина на Поповиќи, недалеку од аеродромот во Дубровник, што ја прави петта најпристапна плажа од сите локации анализирани во истражувањето.
Меѓу останатите хрватски плажи на листата се Галебове стијене во Пула на 8-то место и плажата Мала Радуча кај Примоштен на 9-то место. Тука е и Опрна на островот Крк во Кварнер, која се наоѓа на 18-то место.
Листата на најдобрите 10 плажи во Европа изгледа вака, а за повеќе посетете ја официјалната веб-страница.
1. Ла Конча, Шпанија
2. Праја да Фалезија, Португалија
3. Пасјача, Хрватска
4. Лас Кантерас, Шпанија
5. Лама Монакиле, Италија
6. Кала Комте, Шпанија
7. Туереда, Италија
8. Галебове стијене, Хрватска
9. Мала Радуча, Хрватска
10. Мариња, Португалија