Многу од луѓето сакаат да грицкаат во текот на работното време, но и додека одмараат и се опуштаат.
Грицките вообичаено се поврзуваат со нездрави намирници како чипс, пуканки, бисквити и слична храна.
Сите тие намирници содржат заситени масти, дополнителни шеќери и натриум кои го зголемуваат ризикот од срцеви болести, затоа во исхраната треба да се воведат што повеќе здрави намирници кои ќе ја задоволат желбата за грицкање, а истовремено позитивно ќе влијаат на здравјето.
Нутриционистот Сидхант Бхаргава издвоил примери на неколку намирници кои може да ги грицка, знаејќи дека даваат корист на целокупното здравје.
Јаткастите плодови, како бадеми, ореви, ф’стаци и друго, содржат масти погодни за здравјето. Освен масти, јаткастите плодови содржат и растителни влакна и антиоксиданти кои помагаат во намалување на нивото на лошиот холестерол и така влијаат на намалување на ризикот од развој на срцеви болести.
Семките се уште една намирница која многумина ја сакаат, но не ја јадат толку често. Во исхраната треба да вклучите намирници како чиа семки, ленено семе и семки од тиква кои содржат омега 3 масни киселини и растителни влакна, а кои позитивно влијаат на правилната работа на срцето.
Бобинките не влијаат позитивно само на срцето туку и на целокупното здравје. Намирниците како боровинка, јагоди, малини, капини и друго содржат антиоксиданти и растителни влакна. Овие соединенија помагаат при спречување на воспаленија, а со самото тоа и развој на различни болести.
Можеби некои луѓе ќе бидат изненадени што на списокот на нутриционистите се наоѓа и чоколадото. Нутриционистите препорачуваат да го изберете темното чоколадо со најмалку 70 отсто какао.
„Темното чоколадо содржи флавоноиди кои можат да го подобрат здравјето на нашето срце, но внимавајте на калориите и нивото на шеќер во чоколадото“, изјавиле нутриционистите.