(Видео) Компанијата на „Boeing“ претстави автономно воздушно такси

Точка

05/10/2022

10:12

13.143

Големина на фонт

а а а

Новата генерација на нивните авион може да полетува и слетува вертикално, така што не им е потребна писта.

Бројни компании, вклучувајќи и познати автомобилски и авиокомпании вложуваат многу пари во истражување и развој на воздушниот транспорт на иднината. Таквите решенија најчесто вклучуваат мали електрични авиони кои можат да полетаат и слетаат вертикално така што, како и на хеликоптерите, не им е потребна писта.

Таквиот авион, односно воздушно такси бидејќи е направено со таа намена, го претставил стартапот „Wisk Aero“. Потсетуваме, станува збор за компанија која заедно ја основале „Boeing“ и „Kitty Hawk“, уште еден стартап за развој на воздушен транспорт кој го финансирал и со-основачот на „Google“, Лери Пејџ.

Ова е шеста генерација на авиони на „Wisk Aero“ па компанијата од Федералната управа за цивилно воздухопловство ќе побара регулаторно одобрение за нивно користење во рамките на комерцијалниот сервис за превоз на патници со воздушно такси. Тоа по што нивниот авион е посебен е автономијата, односно не е предвидено со него да управуваат луѓе, туку компјутери и напреден софтвер, но со надгледување на луѓе.

Авионот има шест предни мотори, секој со пет елиси кои можат да се постават хоризонтално и вертикално и уште шест странични ротори со две елиси поставени вертикално. Може да лета на висина од 750 до 1.200 метри на далечина од околу 140 километри.

Од компанијата веруваат дека својата комерцијална услуга ќе можат да ја понудат во текот на наредните пет години на 20 големи пазари и очекуваат дури 14 милиони летови годишно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг