Испливаа морничави детали како Том Круз ја „малтретирал“ Никол Кидман: Одбила да го прави она што тој го сака, а потоа...

Точка

04/10/2022

22:22

14.306

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Том Круз со години е истакнат член на Скиентолошката црква, која постојано предизвикува контроверзии.

Том се приклучил на скиентологијата во 80-тите години по неговиот брак со актерката Мими Роџерс, а заедно со неговиот колега Џон Траволта, секако е еден од најистакнатите членови, кој тврди дека скиентолошките програми му помогнале да се ослободи од дислексијата, но поради неговите религиозни убедувања, неговиот приватен живот бил целосно уништен.


Том Круз накратко се огради од скиентологијата во 1997 година, а тоа е годината кога го снимаше филмот „Eyes Wide Shut“, на Стенли Кјубрик со неговата тогашна сопруга Никол Кидман.

Според извештаите, Круз почнал да ги игнорира повиците од шефот Дејвид Мискевиџ за време на снимањето во Лондон, што го натерало да го испрати извршниот директор на црквата Марти Ратбун во Велика Британија за да изврши ревизија, односно процес во кој субјектот минува низ настани во неговиот живот за да се ослободи од негативни мисли и енергија, и достигнал ниво на свест - што било поттик да се врати назад во светот на скиентологијата.

Тоа довело до проблеми помеѓу Том и Никол Кидман, која тој ја однел во црквата неколку години претходно, но таа не изразила желба да стане членка. Оскаровката гледала со презир на скиентологијата, бидејќи била фокусирана на рацио, поради нејзиниот татко психијатар.


Имено, според Скиентолошката црква, психијатријата обезбедува несоодветно растење и прекумерно потпирање на лекови. Црквата тогаш се почувствува загрозена од влијанието што Никол го имала врз нивната „најголема ѕвезда“, па шефот со холивудскиот адвокат Берт Филдс го ангажирал озлогласениот приватен детектив Ентони Пеликан да ја шпионира Никол и да ѝ го прислушкува телефонот.

Во книгата „A Billion Years: My Escape From a Life in the Highest Ranks of Scientology“, која ја напишал поранешен член на црквата, Мајк Риндер, пишува и дека Ратбун ги свртел посвоените деца на парот, Изабел и Конор, против актерката.

„Кога Том и Никол се разведоа во 2001 година, Мискевиџ беше среќен што „негативното влијание“ на Никол повеќе не го одвлекува Том од скиентологијата. После тоа, Том Круз стана пожесток во гласната јавна поддршка за скиентологијата и Мискевиџ“, пишува Риндер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг