Маскотата на „Денвер Нагетс“ заработува повеќе од повеќето кошаркари

Точка

04/10/2022

12:31

8.641

Големина на фонт

а а а

Лицето кое го носи костимот од симпатичниот Роки, маскотата на Денвер Нагетс, има годишна плата во износ од дури 625.000 американски долари.

Тоа е само 300.000 долари помалку од најмалата плата која ја имаат некои од НБА играчите, но истовремено и повеќе од тоа што повеќето кошаркари на светот заработуваат за една година.


Во Европа само мал број на играчи имаат милионска плата – за таа сума повеќето играчи од најсилните европски лиги можат само да сонуваат, а ситуацијата е уште полоша за кошаркарите на другите континенти.


Покрај Роки, одлично заработуваат и маскотите на Атланта Хокс и Чикаго Булс. Популарниот јастреб Хари годишно инкасира 600.000, а бикот Бени 400.000 долари.


Листата од пет најплатени маскоти ја затвораат горилата Го (Фениск Санс) со 200.000 долари, и стршленот Хуго (Шарлот Хорнетс) со 100.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг