Гледачите ужаснати од новиот филм за Мерилин Монро: „Ова е сурово, не го гледајте“

Точка

01/10/2022

09:12

13.128

Големина на фонт

а а а

Филмот „Blonde“, фиктивна приказна за легендарната актерка Мерилин Монро, кој неодамна излезе на „Netflix“, предизвика негативни реакции кај публиката.

Писателката Џојс Керол Оутс ја прикажала славната актерка во измислената приказна на начин кој на многумина не им се допаднал.

Во филмот има неколку навистина дегутантни сцени на силување, а многу гледачи мислат дека режисерот всушност сакал да сними порнографско дело со покојната актерка. Филмот не се препорачува за лица помлади од 17 години.

Иако сите ја фалат актерката Ана де Армас која го отелотвори ликот на фаталната русокса, повеќето обожаватели на Монро го критикуваат режисерот Ендрју Доминик кој јавно признал дека единствениот добар филм на Мерилин му е „Some Like it Hot“ и дека во филмот „How to Marry a Millionaire“ сите жени се „добро облечени к*рви“.

„Ги гледав првите 20 минути од „Blonde“ и веднаш морав да го проверам Твитер за да видам дали нешто сум пропуштила или и другите луѓе се згрозени како мене“, „Се обидов да го гледам „Blonde“, но не можев да издржам повеќе од 20 минути, беше навистина сурово и ми го скрши срцето“, „Филмот ја исмева Мерилин Монро. Таа не била само сексуален објект. Не го гледајте“, „Филмот е толку лош што ниту солидната Ана де Армас не можела да го спаси“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.

Режисерот Доминик претходно го коментираше контроверзниот филм.

„Тоа е тежок филм. Ако на публиката не ѝ се допаѓа, тоа е проблем на публиката. Ова не е кандидирање за јавна должност. Станува збор за NC-17 филм за Мерилин Монро, тоа е она што сакате да го видите, зарем не? Сакам да одам и да видам NC-17 верзија од приказната за Мерилин Монро“, изјавил тој за „Screen Daily“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг