Се зборува дека го „гушела“ со внимание својот 18 години помлад сопруг – популарната актерка по разводот не изгледа добро

Точка

30/09/2022

19:22

22.092

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Робин Рајт поднела барање за развод од сопругот Клемент Жиродет за кој се венчала во 2018 година.

Американската актерка Робин Рајт изгледала изнемоштено кога деновиве се појавила откако се појави веста дека поднела барање за развод од својот трет сопруг, 18 години помладиот Клемент.


56-годишната ѕвезда на хит-серијата „Куќа од карти“ и филмот „Форест Гамп“, како причина за развод ги навела непроменливите разлики, пренесува „TMZ“.

Робин поради тие причини деновите е под лупа на јавноста, па така папарацо фотографите ја забележале во лежерна облека, а тоа што најмногу им привлекло внимание е нејзиниот тажен израз на лицето, па разводот очигледно тешко го поднесува.


Робин и Клемент биле во врска од 2017 година, а поради врската со 36-годишниот менаџер којшто работи во модната куќа „Ив Сент Лорен“ ѝ годале прекарот како жена која сака да излегува со многу помлади мажи. На Робин ова ѝ е трет брак, а церемонијата на венчавката била одржана во некое француско село.

Од венчавката до денес, Робин често можевме да ја видиме како се бакнува со својот млад сопруг и му угодува колку што може. Изгледа дека нему не му годело толку внимание, па одлучил да се разведе.


Робин пред Клемент беше во брак со актерот Шон Пен и та од 1996 до 2010 година, а поранешните сопружници денес се родители на 31-годишната ќерка Дилан и 28-годишниот син Хопер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг