Нив треба да ги имате во работното опкружување: Растенија кои ги ублажуваат напнатоста и стресот

Точка

27/09/2022

20:05

7.691

Големина на фонт

а а а

Експертите сметаат дека некои растенија поволно влијаат на нашата ментална состојба.

Стресот и напнатоста се секојдневност во нашите животи. За да ги ублажиме, можеме да се опколиме со растенија кои можат да ја намалат напнатоста на мускулите и да ја зголемат срцевата активност.

1. Лаванда


Лавандата ја карактеризира мирисот и совршената нијанса на виолетова боја. Ова растение во домот може да го подобри расположението и да помогне полесно да заспиете. Мирисот на лавандата има смирувачки својства кои помагаат во редукцијата на нивото на стрес.

2. Драцена


Ова растение е познато и по името „женски змеј“, а во некои делови од светот и како „змејово дрво“. Во минатото се верувало дека растението привлекува среќа и успех. Освен тоа, драцената не бара многу одржување и не е љубител на многу светлина, а е прекрасен прочистувач на воздух.

3. Бршлен


Ова растение може ефикасно да го намали ризикот од настанување болести кои се пренесуваат по пат на воздух, помага и при алергии. Може да ја ублажи главоболката, нивото на стрес и полесно да заспиете. Идеален избор е доколку имате астма.

4. Босилек


Освен тоа што е совршен додаток на јадењата, ова растение може да го ублажи чувството на анксиозност и стрес. Покрај тоа позитивно влијае на расположението.

5. Нане


Ова растение има освежувачки и пријатен мирис поради тоа што содржи ментол. Како и во претходниот случај исто така и ова растение влијае при намалување на нивото на стрес и ви дава позитивна енергија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг