Македонката која позираше за „Moncler“ на модната недела во Милано, за Точка: „Во публика беа Алесандра Амбросио, Ен Хатавеј...“

Точка

28/09/2022

22:13

9.108

Големина на фонт

а а а

22-годишната Андријана Илиоска веќе 7 години се занимава со моделинг, во и надвор од Македонија, а последните 6 месеци веќе работи и живее во Милано, каде е дел од модната агенција „ABC Models Milano“.

Во неделата во Милано се одржа најголемиот настан во историјата на модата. Имено, историскиот бренд Moncler го прослави својот 70-ти роденден со голема манифестација и голема модна ревија во срцето на Милано, на пијаца Дуомо.

„Покрај многуте фотосесии и ревии кои ги имав, меѓу кои се и оние за Umbro, K-way, Tezenis, Intimissimi, Max Mara, Golden Point, во неделата учествував и во големата ревија по повод 70 годишнина на брендот Монклер“, вели Андријана за Точка.


Овој настан беше дел Модната Недела во Милано (Milanо Fashion Week) која што започна на 20-ти и траеше до 26-ти септември.

„Имаше доста познати личности кои што ја гледаа ревијата, како што се познатите манекенки Elsa Hosk и Alessandra Ambrosio, глумицата Anne Hathaway, познатата тиктокерка Bella Poarch, Shailene Woodly, Normani, Pharrell Williams, Future и многу други“, вели Андријана. 

Повеќе фотографии од Илиоска во продолжение:

Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг