(Фото/Видео) Бизарен инцидент на Лејвер купот: Навивач влетал на теренот и се запалил пред присутните, врескал во агонија додека горел

Точка

23/09/2022

18:32

2.210

Големина на фонт

а а а

Невиден инцидент се случил на првиот ден од Лејвер купот во Лондон.

Непознат навивач влетал на теренот на денот кога Рожер Федерер ќе го изигра последниот меч во својата професионална кариера и во таа прилика буквално се запалил. Обезбедувањето брзо интервенирало и го извело од теренот.

Во тој момент во О2 Арената играле Стефанос Циципас и Диего Шварцман.

Како што се наведува, едно од лицата на трибините истрчало на теренот во знак на протест, а во таа прилика ја запалило својата рака. Ваквата сцена ја забележале и фотографите во О2 Арената, а на неговата маица пишувало „End UK Private Jets“ во склоп на протестот против користење на приватни авиони во Обединетото Кралство, со цел да се укаже на штетноста по околината.

Ниту еден од двајцата тенисери не биле близу овој инцидент, а играта набрзо продолжила откако се утврдило дека на подлогата на теренот не била направена никаква штета.

Погледнете како изгледала бизарната сцена:




Спонзорирани линкови

Маркетинг