Мбапе: Ридигер е најдобар пример зошто не треба да им се суди на играчите поради сликата која ја оставаат на теренот

Дерби

23/09/2026

13:48

150

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе го користи ова кратко слободно време пред репрезентативните обврски за да одработи неколку ексклузивни интервјуа, а последно до ексклузивнен разговор со Французинот дојде угледниот „Билд“.

Реномираниот германски медиум опфати теми кои не се дел од секојдневнието во Шпанија, па покрај тоа што одговараше на прашања поврзани за Мајкл Олисе, Мбапе даде интересен одговор и за Антонио Ридигер.

Стоперот не е баш омилен меѓу противничките фановите поради агресивниот стил на игра и откачените потези кои знае да ги режира на теренот, но Мбапе тврди дека Тони е целосен контраст надвор од теренот и во приватниот живот.

– Ридигер е соврешен пример зошто не треба да им се суди на играчите поради сликата која ја оставаат на теренот. Мора да признаам дека тој изгледа лудо на теренот, поради начинот на кој влегува во дуели и поради тоа како се однесува.

– Сепак, надвор од теренот е сосема поинаков. Тој е љубезна и внимателна личност која е целосен контраст од сликата која ја имаат замислено фановите за него, – вели Мбапе.