Јамал: Го имам најдобриот аргумент за „Златната топка“, а тоа не е светската титула

Дерби

23/09/2026

13:49

207

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал во повеќе наврати јавно нагласи дека тој треба да биде играчот кој ќе ја добие „Златната топка“, а во ексклузивното интервју за „Лекип“, младата ѕвезда на Барселона го издвои и најдобриот аргумент кој го прави поразличен од другите.

Јамал не одигра најдобар турнир на Светското првенство и според еден дел од експертите тоа може да биде пресудно во корист на Килијан Мбапе, но Ламин е цврсто убеден дека најпрестижното признание треба да заврши во негови раце, особено поради стилот на игра кој го нуди и забавата која ја гарантира на теренот.

– „Златната топка“ е награда која го одликува најдобриот играч во годината, а не најдобриот голгетер и играчот со најмногу титули. За мене, оваа награда треба да го одликува играчот кој е поразличен од другите, оној кој е уживање да се гледа и оној за кој фановите плаќаат билет.

– Не треба да се гледаат постигнатите голови или нешто слично, кога мислам на „Златната топка“, јас мислам на играчи како Меси и Роналдињо, играчи кои прават разлика и кои извлекуваат насмевка кај фановите.

– Сите кои следат фудбал, знаат дека јас ги имам најдобрите аргументи за да победам. Излегувам на теренот, уживам, играм добро и онака какошто сакам да играм. Моја среќа е што освоив и важни титули изминатава сезона, вклучувајќи ја и онаа најважната на Светското првенство. Сепак, тоа не е пресудно, мојот стил на игра е најдобриот аргумент, аргументот кој ме прави поразличен од другите, – потецнира Јамал.