Комуникацијата е клуч за успешна врска, а на многумина може и да им помогне кога е сексот во прашање.
Сексологот Емили Морс на својот Инстаграм профил напишала дека една реченица е клучна за „разгорување“ на страста во спалната соба.
„По мое мислење, највозбудлива работа е кога партнерот ќе ве праша: Дали ова ти се допаѓа?“, вели Морс.
Со разговор се постигнуваат многу работи, а не е лошо со текот на времето партнерот да го прашате дали нешто му се допаѓа посебно во сексот.
Со тоа ќе создадете можност да ја унапредите врската, но и да добиете потврда дали тоа што го правите е возбудливо.
Можеби на вашиот партнер повеќе не му се допаѓа нешто што сте го правеле претходно, а не сака да ви го каже тоа.
„Некои од нас мислат дека партнерот интуитивно треба да ги знае сите наши сексуални желби, но тоа е ретко можно. Овој начин на „проверка“ во текот на сексот и давање до знаење на нашиот партнер дека нешто добро прави, доведува до поголемо задоволство, подлабока поврзаност и подобра комуникација во сите сфери на животот. Тоа е клучот на успехот во сексот“, наведува Емили.
Со неа се согласиле и други луѓе:
„Сакам кога партнерот ќе ме праша дали нешто ми годи во текот на сексот. Тоа исто така прилично ме возбудува“.