„Сите биле како манекени, а денес вепар до вепар“: Фотографија од летување од 70-тите ја открива суровата реалност за дебелината – докторка открива зошто денес ова ретко се гледа

Точка

20/09/2022

21:49

20.693

Големина на фонт

а а а

Во Фејсбук групата „Носталгија“, објавена е фотографија од плажа од 70-тите години на минатиот век.

Во коментарите многумина се потсетиле на „поубавите времиња“, а на фотографијата луѓето ја коментирале линијата на тело на тогашните капачи.

Иако делува неверојатно, речиси сите на оваа фотографија се витки, како што денес сакаме да кажеме – кaко жените, така и мажите.

Незамисливо е да споредиме со сцените кои денес ги гледаме на летувалиштата, секако оваа објава предизвикала многу коментари.

„Некогаш сите јаделе сè и биле слаби. Денес поголем дел од луѓето се хранат здраво, а се дебели. Може ли некој да го разбере тоа?“, „На фотографијата како манекени, а денес вепар до вепар“, „Сите се слаби“, биле само дел од коментарите.

И сите го поставуваат истото реторичко прашање – зошто е тоа така?

Д-р Олга Личина, доктор по медицина и клиничка нутриционистка своевремено зборувала што е условот што се смениле животните навики и дали е точно дека денес повеќе луѓе со борат со вишок килограми.

Ljetovanje sedamdesetih... ❤️

Posted by Nostalgija on Wednesday, September 14, 2022

„Според истражувањето на СЗО секој петти човек се бори со дебелината, а секоја трета личност има проблеми со прекумерната тежина. Забележан е тренд на раст на бројот на луѓето со вишок килограми. Причината поради која нема гојазни луѓе на фотографијата е достапноста на храна во 70-тите години, односно тогаш немало толку голем број ланци за брза храна. Денес на секој чекор ви е достапен таков вид на храна – од ресторани, до пекарници, па до брза храна“, објаснува нутриционистката.

Д-р Олга наведува дека поразувачки е тоа што поголем дел од децата патат од гојазност

„Проблемот започнува уште од бременоста, а продолжува и по раѓањето на детето. Истражувањата покажале дека мајките кои не ги дојат децата најчесто патат од гојазност. Исто така треба да се води сметка со каков ред се воведува храната кај децата и да се избегнува во најрана доба да се консумираат шеќер“, додава Олга.

Една од темите која ја започнале на Твитер е дали промовирањето плус-сајз манекенки, воедно им дал поголем легитимитет на бројот на килограмите и дали тоа се смета за здрав начин на живот.

„Прифаќањето себеси е добра работа, но доколку килограмите доведат до здравствени проблеми, тогаш тоа е лошо. Постои и друга крајност, лицата кои претерано одат во теретана и користат прашкасти протеини кои можат да делуваат како моментално добро решение, прашање е дали ќе бидат со бубрези и црн дроб во иднина“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг