Популарниот комичар се пошегувал на сметка на кралицата, па завршил на столбот на срамот: „Таа не е единствената старица која ќе почине“

Точка

10/09/2022

12:42

7.259

Големина на фонт

а а а

Смртта на кралицата Елизабета Втора станала главна тема ширум светот, а има и такви кои се пошегувале на таа сметка.

Кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот вечерта, а цел свет зборуваше за тоа. Така во една емисија која била емитувана вечерта по смртта на кралицата, комичарот Кевин Бриџис изјавил нешто што ги разбеснил луѓето ширум светот.

Имено, во текот на стенд-апот во Глазгов, Кевин се пошегувал дека кралицата Елизабета Втора нема да биде единствената старица која починала зимава поради тамошниот „скок“ на цените, особено на струјата и греењето.

Во моментот кога голем број од луѓето се сочувствуваат со тагата која се вселила во кралскиот дворец, шегата добила многу неочекувани реакции.

Милиони луѓе ширум светот го споделиле видеото на социјалните мрежи и популарниот комичар го „распнале“ со коментарите.

Неговата шега ја протолкувале како голем безобразие и непочит, а на Твитер се повела сериозна полемика околу тоа што го кажал комичарот.

„Добровечер. Оваа вечер е за паметење. И, 40-ти пат ми е да настапувам тука, така што сигурен сум дека ќе читате за ова утре во весниците, на насловната на „Дејли Мејл“ и „Телеграф“ (се смее).

Добредојдовте на ова шоу, можеби единствено кое сега се одржува... Носам темно одело, а ова можеби е и последната забава пред новиот локдаун, не знам. Гледам дека луѓето постојано гледаат во телефоните, се прашуваат да не имаат слободен ден утре од работа“, изјавил тој.

Кевин потоа продолжил:

„Како и да е, одиме понатаму. Таа нема да биде единствената старица која починала зимава...“, изјавил тој мислејќи на тешката ситуација пред која се наоѓаат луѓето ширум светот.

Оваа негова изјава шокирала многу од луѓето иако тој со тоа не сакал да нанесе никаква штета на кралското семејство или да го намали значењето кое најдолговечната владетелка го имала не само во Британија, туку и во целиот свет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг