Нејзината посета на Југославија многумина ја осудиле: Кралицата Елизабета Втора од Тито побарала да ја пречекаат со омиленото јадење од Балканот

Точка

09/09/2022

09:17

15.622

Големина на фонт

а а а

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст во дворецот Балморал во Шкотска.

Кралицата Елизабета Втора беше една од најпознатите жени на планетата. Владееше цели 70 години и секогаш го носеше симболот за едно време и столб на кралското семејство. По нејзината смрт, новиот крал на Велика Британија е Чарлс.

Има бројни интересни ситуации поврзани со животот на кралицата, а со оглед на нејзиниот стаж секогаш постои нешто што е заборавено или прескокнато да се каже.


Кралицата ќе остане запаметена по своите комплети со впечатливи бои, бисери кои ги носела поради традицијата, но и по својата специфична смисла за хумор.

Кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг Филип во 1972 година ја посетиле Југославија, а тоа била првата посета на кралицата на една комунистичка земја на истокот од Европа, поради што во поединечни западни медиуми наишла на критики.

Малку е познато дека во текот на заедничкиот лет од Белград до Бриони, кралицата уживала во лесковачки специјалитети, односно најпознатите ќебапи.

Веројатно никој не очекувал дека на кралицата Елизабета Втора толку многу ќе ѝ се допадне месото на скара, па по враќањето во Белград таа исклучително го барала тој специјалитет од Тито (ќебапи).


Кралицата Елизабета Втора не е единствената значајна историска личност која во посета на Југославија и Тито барала да ги вкуси магиите на лесковачката скара.

Тоа го сакале и Никита Хрушчов, Шарл де Гол, Вили Брант, Софија Лорен, Ричард Бартон, Елизабет Тејлор...




Спонзорирани линкови

Маркетинг