По смртта на кралицата Елизабета Втора, се огласи новиот крал Чарлс: „Нејзината загуба ќе се почувствува длабоко во цела земја“

Точка

08/09/2022

21:42

6.012

Големина на фонт

а а а

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст, а како што налага протоколот, новиот британски крал е Чарлс.

Веста дека кралицата Елизабета Втора почина ја погоди светската јавност. Денеска сите биле во страв кога кралското семејство соопштило дека кралицата е под медицински надзор.

„Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното Величество Кралица, е момент на најголема тага за мене и сите членови на моето семејство. Длабоко тагувам поради смртта на мојата драга и сакана мајка.

Знам дека нејзината загуба длабоко ќе се почувствува во цела земја, кралствата и Комонвелт, како и кај безброј луѓе ширум светот. Во текот на овој период на жалост и промена, моето семејство и јас ќе најдеме утеха во сознанието за почит и длабока наклонетост во кои кралицата уживаше“, пишува во соопштението.

Чарлс станува крал автоматски, како најстар син на кралицата Елизабета и ја наследува титулата, но и имотот.

Да ве потсетиме, по смртта на кралицата се активира операцијата Лондонски мост која подразбира строги правила во наредните десет дена.

Секој ден ќе се нарекува Ден Д, а кралицата ќе биде погребана на десеттиот ден во Меморијалната капела на кралот Џорџ VI.