Четири митови за „чудесните“ омега-3 масни киселини

Точка

31/08/2022

12:21

13.666

Големина на фонт

а а а

Зошто се толку добри за нас? Омега-3 се најпознати како неверојатни здрави масти со чудесни придобивки за телото.

Но дали е тоа така? Постојат четири вообичаени митови за омега-3 масните киселини.

Мит 1: Омега-3 се добри само за здравјето на срцето

Врската помеѓу омега-3 и кардиоваскуларното здравје е силна, но срцето е само врвот на ледениот брег кога станува збор за здравствените придобивки од омега-3. Факт е дека омега-3 добро влијае на вашиот мозок, очи, зглобови.

Кога станува збор за очите, омега-3 мастите играат огромна улога во здравјето и функцијата на мрежницата. Омега-3, исто така, се бори против сувост на очите со зголемување на целокупната влажност на очите.

Бидејќи очите и мозокот постојано работат заедно, не е чудно што омега-3 исто така влијаат на когнитивната функција на различни начини - од меморија, вербално учење, до ментална острина во текот на целиот животен век.


Мит 2: Здравите луѓе не мора да се грижат за омега-3 масните киселини

Без разлика какво е вашето здравје, корисно е да внесувате доволно омега-3 на дневна основа.

Статистички гледано, освен ако не јадете лосос или туна секој ден, веројатно ви треба повеќе од овие масти во вашиот живот.

Мит 3: Рибиното масло ја разредува крвта

Пред неколку децении, била воспоставена врска помеѓу омега-3 и тромбоцитите и постоела загриженост за способностите на рибиното масло за разредување на крвта.

Но, прегледот на епидемиолошките и клиничките истражувања во изминатите 30 години покажува дека, всушност, не постои зголемен ризик од крварење кога луѓето консумираат 500 милиграми до 10 грама омега-3 дневно.


Мит 4: Веганите и вегетаријанците не можат да добијат омега-3 освен ако не јадат риба

Рибите всушност добиваат омега-3 од алгите, а ние можеме да го сториме истото.

Добар избор се: ленено семе, чиа семе, ореви.