Почина мајката на Лидија и Тања Кочовски: Невена – легендарната вокалистка на групата „Мањифико“ со ангелски глас

Точка

25/08/2022

16:57

8.885

Големина на фонт

а а а

Објавувајќи фотографии од својата мајка, а во нивниот опис оставајќи само емотикон со црно срце, актерката Тања Кочовска објави дека починала нејзината мајка, а под фотографиите стојат коментари за сочувство до семејството Кочовски.

Невена Кочовска долги години од својот живот ги помина на сцената како дел од популарниот ансамбл „Мањифико“, а поради нејзиниот прекрасен глас многумина ја засакаа мексиканската и шпанската народна музика, како и шпанскиот јазик.


Таа беше легенда, дел од легендарниот ансамбл којшто настапуваше и пред Јосип Броз Тито и Јованка Броз, а исто така направија и 42 хуманитарни концерти за Скопје по земјотресот.

Невена боледуваше од Алцхајмерова болест, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивни способности, односно моќ на спознавање.


Невена и Панче Кочовски беа дел од ансамблот „Мањифико“ којшто стана светски популарен со обработките на латино-американските песни. Тие одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во над 30 земји од светот.

?⚘

Posted by Tanja Kocovska on Thursday, August 25, 2022